Дома Фудбал Останато УЕФА со ГОЛЕМА казна за Панатинаикос

УЕФА со ГОЛЕМА казна за Панатинаикос

Атинскиот Панатинаикос нема да може да настапува во европските натпреватувања следните три години, соопшти Европската фудбалска унија (УЕФА).

Панатинаикос е суспендиран поради долговите кон играчите кои овој месец штрајкуваа, бидејќи не им беше исплатена платата уште од минатата година.

Дваесеткратниот шампион на Грција доби предупредување од УЕФА во декември, со обврска до први март да ги врати долговите, но не успеа во тоа.

Исто така, најстариот клуб во Грција е казнет и од страна на лигата со одземање на три бода поради долгот на поранешниот дефанзивец Јенс Вемер, додека сега ќе мора да платат и казна од 100,000 евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ривалите бараат строга казна за Манчестер Сити по пресудата

Манчестер Сити се соочува со зголемен притисок од ривалските клубови во Премиер лигата за …