Дома Фудбал Останато УЕФА прави радикална промена за да се избегнат милиметарските офсајди

УЕФА прави радикална промена за да се избегнат милиметарските офсајди

Европската куќа на фудбалот (УЕФА) ќе ги промени графичките прикази, со кои ВАР треба да ги разгледува ситуациите со офсајд следната сезона.

Според претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, ќе се користат „подебели линии“ за да се избегнат моменти со офсајд од околу еден сантиметар што би можеле да ја уништат сезоната на одреден тим. Ова ќе доведе до повеќе голови, без промена на сегашното правило за офсајд.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


„Офсајд од еден сантиметар не е офсајд, затоа што тоа не е значењето на самото правило. Покрај тоа, мора да има јасна и очигледна грешка со цел да се вмеша ВАР. Па така, подебелите линии би биле од суштинско значење, бидејќи во секој случај, линијата е нацртана на субјективен начин, така што таа не е точна. При офсајд од еден сантиметар, сезоната на еден клуб може да биде уништена ако одлуката не е точна. Играта со рака е исто така проблематична, но не знам што можеме да направиме во оваа насока. Разгледуваме многу опции со судиите“, изјави Чеферин.

Новите линии за определување на офсајд ќе се користат на натпреварите во Лигата на шампионите и во Лигата на Европа следната сезона. Сепак, ова нема да биде правило за сите првенства, бидејќи движечките фактори на индивидуалните првенства имаат моќ да го одредат нивото на точност на соодветните ВАР системи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Познато кога Ѓоковиќ ќе го игра четвртфиналето на Вимблдон

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ продолжи да постигнува добри резултати на Вимблдон, па во п…