Дома Фудбал Лига на шампиони УЕФА доби нова идеја: Во август ќе имаме три недели врвен фудбал и невидена завршница на ЛШ и ЛЕ!?

УЕФА доби нова идеја: Во август ќе имаме три недели врвен фудбал и невидена завршница на ЛШ и ЛЕ!?

УЕФА мака мачи да го најдобриот план за завршување на сезоната поради пандемијата со коронавирусот, сега медиумите пишуваат за ново сценарио.

Неодамна УЕФА ги одложи Лигата на шампионите и Лигата на Европа со цел да се реши прво работата со домашните првенства и најави дека европските натпреварувања ќе се доиграат во јули и август. Сега се појави можност за ново сценарио.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


И ова сценарио изгледа како одлично за фудбалските фанови затоа што би не очекувале три недели врвен фудбал во Лигата на шампионите и Лигата на Европа.

Според ова сценарио УЕФА би исфорсирала првенствата да завршат до првата полвина од август, за потоа да следи спектакл во наредните денови – три недели постојано врвен фудбал. Најверојатно би се играло по скратен систем со завршница од примерот на „фајнл-фор“ во ракометот на неутрален терен, а организатори би биле избраните домаќини за финалето во овој случај Инстанбул во Лигата на шампионите и Гдањск во Лигата на Европа.

Ова изгледа како можно сценарио затоа што УЕФА не сака да ја развлече сезоната во септември или октовмри затоа што тоа би донело проблеми за наредната. Сепак, спектаклот нема да биде целосен затоа што тешко може да очекуваме дека натпреварите ќе се играат пред публика. Затворените граници поради претпазливост како мерка ќе останат до целосна победа над Ковид-19, па така фановите не би можеле да патуваат на натпреварите, со цел да нема големи собири би им бил забранет влез и на домашните навивачи. Само фудбалерите и стручниот штаб на клубовите би имале дозвола за патување во друга држава да го одиграат натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…