Дома Трансфер зона Тухел на клупата на друг европски гигант

Тухел на клупата на друг европски гигант

Томас Тухел неодамна доби отказ од Челзи и моментално е без ангажман.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Германски „Билд“ пренесува дека Тухел набрзо може да седне на клупата на Баерн Минхен и да го замени Нагелсман.

За првпат по 20 години, Баерн одигра четири последователни натпревари во Бундеслигата без победа, а во последното коло беше поразен од Аусбург.

Иако раководството јавно го поддржува Нагелсман, сепак ја разгледува можноста за ангажман на Томас Тухел.

Баварците веруваат дека Германецот го има потребното искуство и авторитет да го донесе Баерн на врвот на Европа.

Баерн долго време ја следи работата на Тухел, го сакаше и во минатото, но Германецот тогаш имаше долг договор со Челзи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…