Дома Фудбал Тухел им се извини на играчите за неговиот потег и рече: Ова инаку не се случува…

Тухел им се извини на играчите за неговиот потег и рече: Ова инаку не се случува…

На отворањето на 12. коло во Бундеслигата, БАЕРН победи со 1:0 во Келн со голот на Хари Кејн.

Интересно е што тренерот на баварскиот клуб Томас Тухел не искористи ниту една од петте дозволени замени на овој натпревар.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Ова е прв пат тренер на Баерн да не направи ниту една промена на натпревар од Бундеслигата по Луис ван Гал во декември 2010 година.

Така Томас Милер, еден од сенаторите на Баерн, остана на клупата цел натпревар.

Вака тоа го објасни Тухел. “Не сакав да го нарушам ритамот. Ова обично не се случува, па им се извинив на момците на клупата. Милер? Постојано размислував како да го внесам”, изјави тој по натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Жесток судир во тунелот на „Сан Сиро“: Погледнете ја пресметката меѓу Спалети и Киелини со судијата (Видео)

Голема напнатост го обележа полувремето на дербито помеѓу Интер и Јувентус (победа на Инте…