Победата на Македонија против Германија се уште е тема на коментирање и помеѓу светски стратези.
Германците најмногу жалат за пропуштената голема прилика на Тимо Вернер во самиот финиш од натпреварот. На таа тема зборуваше и тренерот на Челзи, Томас Тухел кој малку чудно смета дека Вернер добил лоша топка од Гундоган.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Не беше виновен Тимо, Гундон лошо му додаде и не се шегувам кога го кажувам ова“.
Вернер се врати на тренинзите и сакал дополнително да работи на неговата завршница, но Тухел не му дозволил.
„Не му дозволив, му кажав: Твојот мозок и тело знаат да дадат гол, играш фудбал од својата шеста година, не се грижи и продолжи да уживаш, головите ќе дојдат. Со сила ништо не се постигнува. Кога некоја девојка не сака да излезе со вас на вечер, не можете да ја натерате со сила, направете чекор назад и таа ќе ве побара“, коментираше Тухел.