Осман Дембеле на лето може да ја напушти Барселона и да се врати во Бундеслигата, пренесува „Мундо Депортиво“.
Дембеле има договор со Барселона само за уште една сезона, а во него има откупна клаузула од 50 милиони евра, што е скромна сума за таков фудбалер.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Поради тешките финансиски услови Барселона не може да му понуди зголемување на платата, па преговорите помеѓу двете страни се прекинати.
Барселона не сака да го загуби без обештетување и е спремна на лето да го продаде за 50 милиони евра, а ситуацијата ја следи Баерн Минхен.
Томас Тухел го сака во своите редови со оглед на фактот дека одлично го познава, а Баварците се спремни да ја платат клаузулата од 50 милиони евра.
🚨 Thomas Tuchel wants to be reunited with Ousmane Dembélé at Bayern Munich! 🇫🇷👀
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) May 8, 2023
(Source: @mundodeportivo) pic.twitter.com/hQNZPDDJqd