Тренерот на ПСЖ нема желба Едисон Кавани да го напушти клубот до крајот на месецот.
Најновите извештаи говорат дека Кавани веќе договорил трансфер во Атлетико Мадрид, но Тухел сака искусниот Уругваец да остане барем до крајот на сезоната.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Пред дуелот во Купот против Сен-Етјен, Томас Тухел го кажа своето мислење за можниот трансфер на Кавани.
„Навистина не ми се допаѓа кога играчите во средина на сезоната заминуваат или доаѓаат“, рече тренерот на ПСЖ и додаде:
“Факт е дека Кавани сега го загуби своето место во првиот тим, но тој е во одлична форма и му е потребен на тимот. Ако сака да си замине, нека го чека летото.”