Човекот кој некогаш беше главен финансиер на кошаркарите на Фенербахче денес би можел да го купи англискиот премиерлигаш Њукасл.
Се работи за Марат Улкер, Турчинот со најпознато презиме. Милијардерот во овој момент е главен кандидат да го наследи Мајкл Ешли кој после 10 години одлучи да го стави клубот на продажба.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Улкер чии бисквити и слатки работи се јадат низ целата планета е претседател и на Јилдиз Холндингс и има вработено скоро 60.000 луѓе.
Цената која тој би можел да ја понуди за купување на клубот од Премиер лигата изнесува 250 милиони евра, што не е многу во спордеба со неговата вредност која се проценува на три милијарди евра, според „Форбс“.
Првите шпекулации веќе се појавија, а според нив, доколку Улкер го купи Њукасл, Бенитез во јануари ќе добие 70 милиони евра за засилувања.