Дома Топ вести Турските медиуми откриваат: Голот на Елмас од трибините бил виден од скаути на повеќе европски клубови!

Турските медиуми откриваат: Голот на Елмас од трибините бил виден од скаути на повеќе европски клубови!

Елиф Елмас вчера со својот Фенербахче го играше за него првото дерби против Галатасарај.

Турското дерби заврши без победник 1:1, а стрелец за Фенер во второто полувреме од натпреварот беше токму нашиот фудбалски бисер.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец секако беше среќен поради постигнатиот гол во неговото прво дерби.

„Што да кажам, пресреќен сум. Среќен сум што имав прилика да бидам дел од овој спектакл кој носи огромна возбуда. За мене ова беше прво дерби, не можам да опишам колку сум среќен што бев и стрелец. Среќен сум и за серијата која се надевам ќе продолжи“, гласеше изјавата на Елмас после натпреварот.

https://www.youtube.com/watch?v=s6nQzuWaZ-4

Овој гол на Елмас од трибините бил следен од скаути на повеќе европски, откриваат денес турските медиуми.

Елмас веќе подолго време се поврзува со неколку поголеми клубови, а се очекува во летниот преоден рок да направи трансфер вреден околу 20 милиони евра.
Новинарот на турскиот весник „Сабах“, Волкан Демир открива дека на трибините на стадионот „Шукру Сарачоглу“ присуствувале скаути на Лацио, Фиорентина и Тотенхем кои го следеле настапот на Елмас.

Меѓутоа имало и скаути на Борусија Дортмунд, Марсеј, Монако и Севиља кои го следеле настапот на уште неколкумина други фудбалери кои беа актери во ова големо турско дерби.

Ќе споменеме дека Елмас во медиумите се поврзуваше и со германската Борусија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Себаљос се сели во Серија А

За Себаљос повеќе нема место во Реал Мадрид и „кралевите“ му порачале дека на лето може да…