Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Тунис го победи светскиот шампион, но Австралија оди во осминафинале🎥

Тунис го победи светскиот шампион, но Австралија оди во осминафинале🎥

Австралија заедно со Франција ќе патува во осминафиналето, откако во директен дуел ја победи Данска со 1:0.

Возбудливо беше до самиот крај во оваа група, бидејќи три репрезентации се бореа за пласман во следната фаза.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Австралија и Данска одиграа возбудлив и израмнет меч, но „кенгурите“ на крајот славеа со 1:0. Клучниот момент се случи во 60-та минута кога Леки го матира Шмајхел.

До крајот Данска не успеа да дојде до реми, а победата на Австралија значеше пласман во осминафиналето.

Тунис приреди големо изненадување и ја победу Франција, која излезе со комбиниран тим од стартот. Во 58-та минута, капитенот Казри постигна одличен гол, кој се покажа како одлучивачки за победа. Меѓутоа, победата сепак беше „пирова“, бидејќи Тунис заврши на третото место во групата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Чаби Алонсо: Во Реал Мадрид ќе играат оние што заслужуваат

Реал Мадрид со нетрпение се враќа кон натпреварите од Ла Лига, каде е лидер по првите три …