Пополнувајќи ги дефицитарните места во тимот со соодветни засилувања, повеќекратниот македонски првак Вардар 1961 ангажираше нов играч, на позицијата десен бек.
Веќе неколку денови во Скопје е Мохамед Тарик Бакар (23) кој тренира со екипата и заедно со кондициониот тренер Тони Богдановски со цел да биде подобро подготвен за пролетниот дел од сезоната. Новиот играч потпиша договор за следните 1,5 сезона, и во Вардар треба да остане во јуни 2025 година.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Мохамед Тарик Бакар има играно за сите младински селекции на Тунис, а во моментов се наоѓа и напоширокиот список на сениорскиот репрезентативен тим.
Пет сезони игра во сениорската лига на Тунис, и има настапувано за екипите на Клуб Африкан, Олимпик Солиман и Ксур Есеф каде настапуваше претходната сезона.
Во моментов на позицијата десен бек во тимот настапува Томислав Јагуриновски. Екипата на Вардар го освои првото место во групната фаза од првенството на Македонија и ќе тргне со три бода во плејофот.
Тимот веднаш после новогодишните празници ќе продолжи да се подготвува за пролетниот дел од сезоната, и своите тренинзи ќе ги одржува во Скопје.