Дома Фудбал Трчаше по арапските пари, а сега преживува тешки денови: Три клуба сакаат да ја спасат ситуацијата

Трчаше по арапските пари, а сега преживува тешки денови: Три клуба сакаат да ја спасат ситуацијата

Одењето во Саудиска Арабија и трчањето по пари за некои фудбалери изгледа беше лош потег и тие се во сериозни проблеми кога се во прашање игрите и формата и веќе размислуваат да ја напуштат Саудиска Арабија.

На почетокот на 2024 година, 33-годишниот играч од средниот ред Џордан Хендерсон почувствува дека не е сè до парите.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Поранешниот капитен на Ливерпул на почетокот од актуелната сезона ги засили редовите на тимот на Ал Етифак, но сега се повеќе размислува за враќање дома.

Ал Етифак e во распад систем. Под голем притисок е и менаџерот Стивен Џерард, па тој и Хендерсон би можеле да си заминат од Саудиска веќе овој јануари.

Пред неколку дена се појави информација дека Хендерсон би можел да се врати во Ливерпул, а сега од Островот пристигнуваат нови информации.

За потписот на Хендерсон се заинтересирани Фулам, Брајтон и Шефилд Јунајтед. Фулам сака да го засили средниот ред, не игра лошо оваа сезона, стигна до полуфиналето на Лига купот каде што ги очекува пресметка со Ливерпул.

Шефилд е очаен за искусни и квалитетни засилувања во битката за опстанок, додека Брајтон игра на три фронта, Премиершип, ФА Куп и Лига Европа и нема сомнеж дека искуството на Хендерсон би било многу корисно.

Дека заминувањето на Хендерсон од Саудиска Арабија е повеќе од сигурно сведочат бројните медиумски извештаи во последните денови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дел Пјеро удри по Интер: Тоа не им требаше!

Легендата на Јувентус, Алесандро Дел Пјеро, јавно го критикуваше тренерот на Интер, Кристи…