Дома Топ вести Три ѕвезди заминуваат: Реал прави место за Халанд и Мбапе

Три ѕвезди заминуваат: Реал прави место за Халанд и Мбапе

Реал Мадрид има големи планови за следното лето и сака да ги донесе двајцата најдобри млади фудбалери во светот, Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд.

Мбапе е цврст во намерата да се пресели во Реал Мадрид и ги одбива сите понуди на ПСЖ за продоложување на соработката, па следното лето ќе биде слободен агент.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанските медиуми пренесуваат дека Мбапе веќе има договор со „кралевите“ и следното лето ќе пристигне на „Сабтиаго Бернабеу“ како слободен агент без обештетување.

Реал исто така работи и на трансферот на Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд, кој следното лето ќе има откупна клаузула од 75 милиони евра.

Шпанските медиуми пренесуваат дека следното лето „кралевите“ сигурно ќе се разделат со Марсело, Герет Бејл и Иско и така ќе ослободат простор за високите плати на Мбапе и Халанд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…