Реал Мадрид, Баерн Минхен и Милан покажуваат сериозен интерес за напаѓачот на Ајакс, Ентони, пренесуваат холандските медиуми.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
22-годишниот Ентони блеска оваа сезона во дресот на Ајакс и се промовираше во еден од најголемите таленти во светот.
Бразилецот игра како крилен напаѓач и оваа сезона до сега има постигнато 12 гола и 10 асистенции, па го привлече вниманието на многу европски гиганти.
Европските гиганти ќе водат голема битка за неговиот потпис на лето, а неговата цена во моментов изнесува околу 40 милиони евра.