Дома Останати Кошарка НБА Трипл-дабл на Батлер, Мело херој на Портланд, Кари повторно шутерски расположен 🎥

Трипл-дабл на Батлер, Мело херој на Портланд, Кари повторно шутерски расположен 🎥

Изминатата вечер во НБА лигата беа одиграни пет натпревари.

Мајами Хит славеше против Хјустон со 101:94, а трипл-дабл запиша Џими Батлер кој покрај 27 поени оддаде уште 10 скокови и 10 асистенции. Него го следеше Струс кој постигна 21 поен. Гордон со 17 поени беше најефикасен играч на домашниот тим.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Кармело Ентони беше херој на Портланд со 118:114 во победата над Филаделфија. Ентони погодуваше клучни шутеви и на крајот уфрли 24 поени, додека Демијан Лилард уфрли 30 поени. Во гостинските редови Џоел Ембид постигна 35 поени и 9 скокови.

Во дуелот помеѓу Голден Стејт и Орландо фантастичен беше Стеф Кари кој постигна 40 поени и додаде осум скокови и пет асистенции. Кај Меџик кој изгуби со 111:105, Никола Вучевиќ уфрли 25 поени и додаде 13 скокови.

Бостон со 120:106 славеше против Торонто, додека Индијана со 111:95 беше подобра од Детроит.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…