Машката јуниорска репрезентација го забележа првиот пораз од закажаниот двомеч против Бугарија со 84:74.
Домашниот состав направи предност која на полувреме им донесе предност од седум поени 48:41.
Дискутабилни беа судиските одлуки во продлжението, откако по враќањето на нашиот состав во игра, водството повторно им го вратија на Бугарија, кој резултираше со висок двоцифрен триумф за домашните од 10 поени.
Во нашиот табор Михајловски забележа 24 поени и 6 скока,а по него следеа Какруки со 19, односно Панов со 18 поени.
Македонскиот јуниорски состав утре во Благоевград ќе се соочи повторно со Бугарија во вториот дуел.
Трет пораз во низа за јуниорите во подготовките: Бугарија посилен противник во првиот дуел од двомечот
Коментари