Дома Фудбал Тренерот на Барса го загуби трпението па го казни Дембеле!

Тренерот на Барса го загуби трпението па го казни Дембеле!

Барселона вечерва пред своите навивачи го пречекува тимот на Бетис, каде се очекува тренерот Валверде да извади мешан состав.

Валверде се наоѓа во мали проблеми со повредените фудбалери бидејќи на овој меч нема да може да смета на Филипе Кутињо, додека Меси се уште не е доволно рехабилитиран и најверојатно ќе биде на клупата.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Проблем за тренерот на Барса е крилната позиција каде по се изгледа конечно шанса ќе добие новото засилување Малком. Тоа е најмногу поради фактот што на списокот не се наоѓа францускиот репрезентативец Осман Дембеле.

Шпанските медиуми пренесуваат дека Валверде на тој начин решил да го казни Дембеле поради недоличното однесување во последно време. Французинот без најава го пропушти тренингот во четвртокот и не одговараше на повиците на телефон.

Сите во Барселона биле бесни на таквото негово однесување, па Валверде реши да не го повика за дуелот со Бетис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Флик: Нема да останам во Барселона во наредните десет години

Германецот Ханси Флик работи одлично и бежеле добри резултати со Барселона во актуелната с…