Дома Топ вести Трансфер „бомба“ во најава: Раиола и таткото на Халанд пристигнаа во Барселона

Трансфер „бомба“ во најава: Раиола и таткото на Халанд пристигнаа во Барселона

Каталонски „Спорт“ попладнево ексклузивно објави дека познатиот менаџер Мино Раиола пристигнал во Барселона за да преговара за трансферот на Ерлинг Халанд.

Заедно со него е и таткото на норвешкиот напаѓач Инге Халанд, па нема дилеми дека средбата ќе биде за иднината на Ерлинг Халанд.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Новото раководство на Барселона како примарна трансфер цел го посочи токму Норвежанецот, па Лапорта веќе работи на трансферот.

Медиумот пренесува дека Раиола претходно имал состанок со Борусија Дортмунд и после тоа допатувал на преговори во Барселона.

Халанд е еден од најбараните европски фудбалери и интерес за него покажуваат многу европски гиганти, но во Барселона се убедени дека напаѓачот ќе избере да се пресели на „Камп Ноу“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…