Италијанскиот напаѓач Марио Балотели остана без клуб откако Бреша ја раскина соработката со него.
Најголеми шанси во овој момент да го доведе има бразилскиот Васко Де Гама и овој клуб веќе води преговори. Директорот на Васко Де Гама, Фабио Кордеља изјави дека се уште договор не е постигнат и дека не сака да брза со бомбастични објаи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Тој сака да дојде тука, немојте да зборавите дека Васко Де Гама е клубот со најмногу трофеи после Реал Мадрид. Не верувам дека Марио доаѓа тука за да прави некои глупости во Рио, тој сака да ја оживее својата кариера. Се надевам дека на 15 јануари се биде официјализирано“, изјави Кордеља.