Ѕвездата на ПСЖ Адриен Рабио следното лето ќе го облече дресот на Барселона, пренесува „Мундо Депортиво“ повикувајќи се на свои извори од клубот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
23-годишниот плејмејкер има договор со Пари Сент Жермен до крајот на сезоната и во неколку наврати одби да стави потпис на нов договор.
Рабио следното лето ќе биде слободен агент, а уште во јануари може да потпише преддоговор со новиот клуб.
За Рабио силен интерес покажуваа голем број на европски гиганти, но Барселона ја победи конкуренцијата и наскоро ќе потпише преддоговор со играчот.
„Мундо Депортиво“ открива детали од договорот и тврди дека Рабио на „Камп Ноу“ ќе добива 10 милиони евра по сезона.
https://youtu.be/1NBtinqxmyw