Дома Топ вести ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Реал сака нов бразилски супер талент, Баерн спрема „бум“, Освалдо се врати!

ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Реал сака нов бразилски супер талент, Баерн спрема „бум“, Освалдо се врати!

Од вчера ја започнавме редовната рубрика во секој трансфер период „Трансфери во живо“, па по денот во кој најголема вест беше враќањето на Ибрахимовиќ во Милан денес изгледа не очекува помирен ден.

Ибрахимовиќ веднаш по потписот објасни како дошло до тоа да се врати во редовите на „росонерите“. (тука)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Адем Љајиќ е пред трансфер во Удинезе кај нашиот Илија Несторовски, пренесуваат италијанските медиуми. За Љајиќ кој во овој момент е во Бешикташ Удинезе би бил петти клуб во Италија после Интер, Фиорентина, Рома и Торино. (тука)

Аталанта покажа како се работи! На тројца играчи потрошија 6.6 милиони евра, а ги продадоа за 106 милиони евра! (тука)

Јан Вертонген медиумите во Англија и Италија го поврзуваат со трансфер во Наполи. (тука) Додека веста за Вертонген е во рамките на шпекулација, првото засилување за Наполи ќе биде Станислав Лоботка. Овој играч ќе потпише петгодишен договор со тимот од Неапол. (тука).

Немања Матиќ, Ешли Јанг и Маркус Рохо се фудбалери на кои Оле Гунар Солскјер повеќе не смета и се очекува овие тројца да ја променат средината во текот на овој месец.

Криштоф Пјонтек започна одлично во Милан, но оваа сезона не му оди добро и после доаѓањето на Ибрахимовиќ му се смешка клупата. Пјонтек наводно одбил позајмици во Џенова и Рома.

Официјално: Ветеранот Даниел Освладо потпиша договор до крајот на сезоната со тимот на Банифилд. Ќе потсетиме, овој играч три години се посвети на музичка кариера, а сега повторно ќе игра фудбал.

Како опција ако не стигнат до потписот на некој од Видал и Матиќ, Интер би можел да го добие уругвајскиот играч за врска Наитан Нандез од Каљари.

И од Англија и од Германија се тврди дека Арсенал во овој преоден рок ќе се обиде да го доведе Жером Боатенг. Потенцијалниот трансфер на Боатенг во Арсенал изгледа како реална можност.

Играчот за врска Леонардо Пардес има желба да го напушти ПСЖ, претходно се најавуваше дека „светците“ можат да направат трампа со Јувентус за Емре Чан.

Информациите од Островот говорат дека Солскјер од управата на Манчестер Јунајтед сака барем две засилувања во овој преоден рок. Првата е Медисон од Лестер, додека втората Џек Грилиш од Астон Вила. Медисон би бил скап и наводно за него би требал да платат сума од скоро 100 милиони евра.

Веќе видено! Од утрово во Германија се најавува – Баерн Минхен влегува во трка за Џадон Санчо! Навикнати сме да гледаме како Баерн го собира најдоброто од Бундес лигата, па не би било чудо и ако го убеди Санчо. Претходно интерес за Санчо покажуваа Челзи и Јунајтед. (тука)

Стоперот на Наполи Лоренцо Тонели не е во плановите на Гатузо, нов клуб кој покажува интерес за него е Сампдпорија.

Рома е блиску да ја заврши работата околу Крис Смолинг. „Волчицата“ се надева дека 15 милиони евра ќе бидат доволни да се убеди Манчестер Јуанајтед во целост да им го отстапи дефанзивецот.

Вчера изгледаше дека трансферот на Олмо во Барселона е завршена работа, но денес се појавуваат информации дека Барселона ги стопирала преговорите затоа што сакале се да се заврши во тајност. (тука)

Бранислав Ивановиќ ќе го напушти Зенит откако Србинот не се договори со управата за нов договор.

АС: Реал Мадрид го сака најголемиот бразилски талент, Реинер! Реинер важи за огромен потенцијал и е мета на голем број европски клубови! (тука)

„Скај Спорт“ со дополнување на веста за Боатенг: Трансферот во Арсенал е договорен!

Поради проблемите со повреди кои ги имаа Џон Стоунс и Лапорт, 34 годишниот Фернандињо сезонава добива повеќе прилика отколку што се очекуваше. На Островот се најавува дека Сити ќе му понуди продолжување на договорот на уште една година.

Официјално: Шефилд го доведе Џек Родвел! Поранешниот играч на Евертон и Манчестер Сити потпиша договор до крајот на сезоната.

Официјално: Ливерпул 23 годишниот Херби Кејн го испрати на позајмица во Хал Сити.

Договорот на Лејвин Курзава со ПСЖ истекува наредното лето. Фудбалерот преку својот агент се понудил на Јувентус, но „старата дама“ ја одбила таа можност.

Фабио Борини е помеѓу играчите кои најверојатно ќе го напуштат Милан, а Торино засега изгледа како најсериозен кандидат за неговиот потпис.

Португалскиот талент Жедсон Фернандеш на мета на неколку премиерлигаши! (тука)

Симеоне јавно истакна незадоволство од Лемар кој е на излезни врати од Атлетико: „Лемар не успеа да ги развие своите фудбалски квалитети, но и понатаму поседува карактеристики какви што други играчи немаат. Се надеваме дека после повредите може да покаже колку е важен. Дали ќе остане во Атлетико? Не знам, знам само дека неговите менаџери работат добро“.

Лион ја одби понудата од Челзи за Муса Дембеле, па сега „сините“ во зделката сакаат да го вклучат и Оливие Жиру. (тука)

Официјално: Челзи го повлече Дени Дринквотер од позајмица во Барнли.

Брајтон е новиот клуб кој покажува интерес за играчот на ЦСКА Москва Федор Чалов.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Барселона доби силна конкуренција за потписот на Рабио

Барселона доби силна конкуренција за потписот на ѕвездата на Јувентус,  Адриен Рабио, прен…