Вчера Дејан Кулушевски и официјално стана играч на Јувентус, меѓутоа тој до крајот на сезоната ќе остане во Парма како позајмен играч. Со овој трансфер уште една одлична зделка направи Аталанта.
Аталанта оваа сезона е хит во Европа бидејќи во дебитантскиот настап во Лигата на шампионите успеа да се избори за место во осминафиналето каде што ќе игра против Валенсија. Освен што Аталанта одлично игра на теренот знае и како да заработи.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Кулушевски Парма го купи за 165.000 евра од Бромапојкарна, потоа го позајми на Парма да собира искуство меѓутоа поради одличните настапи се појави Јувентус и за него на Аталанта и плати 35 милиони, ако се додадат и бонусите 44 милиони евра.
Франк Кеси во Аталанта дојде од Стела Клуб од Брегот на Слоновата Коска за 1.5 милиони евра, па го продадоа на Милан за 32 милиони евра. Во 2018 година за Брајан Кристанте на Бенфика и платија пет милиони евра, за минатото лето да го продадат на Рома за 30 милиони евра.
Кога се ќе се собере од овие тројца Аталанта заработила – 105 милиони евра!