Од ден во ден се повеќе се пишува за фудбалерот на Динамо Загреб, Дани Олмо.
Имено, одличниот Шпанец е на мета на голем број европски клубови, а вчера се пишуваше дека Динамо добил официјална понуда од Барселона каде што Олмо веќе настапуваше.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Среќен сум што гласините се претовориле во конкретна понуда и што Барселона сака да ме врати. Би се вратил дома, поминав шест години во Ла Масија и тие ме научија на животните вредности“, изјави Олмо.
Денес од Шпанија пристигнуваат инфирмации дека трансферот на Олмо сепак може да пропадне. Наводно Барселона сакала се за да заврѓи во тајност и сега затоа што дошло до јавноста ги стопирала преговорите.