Ибрахимовиќ вчера официјално беше претставен во Милан, а навивачите го дочекаа како херој.
Швеѓанецот се враќа во тимот каде што играше некогаш и како што кажа Милано го чуствува за негов дом. Ибрахимовиќ на претставувањето објасни и како дошло до тоа да го избере Милан.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Милан го побарал Ибрахимовиќ веднаш по последниот натпревар кој го одиграл за Галакси.
„После последниот натпревар за Галакси ме побара Малдини, имав навистина многу понуди. Му кажав дека барам нов предизвик, во овие години не се игра поради пари, туку поради адреналин. Потоа разговарав и со Бобан, после поразот на Милан во Бергамо, разговаравме секој ден. Кога го напуштив Милан тога го направив без сопствена согласност, ова е мој дом и среќен сум што сум тука“, изјави Ибрахимовиќ потсетувајќи дека Галијани и Берлускони го продале на ПСЖ за да ги намалат трошоците, поради тоа Ибрахимовиќ долго време не зборуваше со Галијани.
„Кога се вратив од Барселона секогаш зборував дека во овој град повторно ја пронајдов фудбалската среќа. Мојата желба и посветеност се максимални, не дојдов да бидам маскота“, порача Швеѓанецот.