Наполи, според пишувањата на италијанските медиуми, го обезбеди првото засилување за вториот дел од сезоната.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Наполи одигра под очекувањата во првиот дел од сезоната, па заостанува цели 18 бода зад водечкиот тандем Интер-Јувентус, но нема сомнеж дека јануари ќе донесе големи промени во соблекувалната.
Италијанските медиуми тврдат дека Наполи го договори првото зимско засилување, а станува збор за Станислав Лоботка, кој во наредните денови ќе потпише петгодишен договор со италијанскиот клуб.
За овој 25-годишен играч за врска Наполи на Селта ќе и плати 18 милиони евра, а Словакот по сезона ќе заработува 1.8 милиони евра.
Во текот на својата кариера, Лоботка покрај за Селта, играше уште за Нордселанд, Тренчин и вториот тим на Ајакс.