Дома Трансфер зона ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО – 15ти јануари: Рајан Бабел се врати во Премиер лигата!

ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО – 15ти јануари: Рајан Бабел се врати во Премиер лигата!

Спортски.мк и денес на едно место ви ги пренесува сите случувања на трансфер пазарот ширум светот – БИДЕТЕ ВО ТЕК!

– Веста на денот денес ја пренестува британски „Телеграф“ – Челзи се согласил да го продаде Азар на Реал Мадрид! (ОВДЕ)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


– ОФИЦИЈАЛНО: Петар Чех потврди дека актуелната сезона е негова последна во кариерата (ОВДЕ)

– Според некои информации на мета на Барселона за замена за Мунир кој премина во Севиља се Кристијан Стуани и Оливие Жиру. (ОВДЕ)

Давид Де Геа побарал од Манчестер Јунајтед 300.000 фунти неделно за да остане на „Олд Трафорд“, пренесуваат британските медиуми (ОВДЕ)

– На Островот се пишува дека Месут Озил бил понуден на италијанските клубови, Интер и Јувентус. Емери прави се за да се ослободи од Германецот уште во овој преоден рок.

– За Алваро Мората владее голем интерес, а денес од голем дел од спортските медиуми пишуваат дека тој сака трансфер само во Атлетико. (ОВДЕ)

– Најслушаното радио во Шпанија денес потврди дека Диего Годин и Интер постигнале договор (ОВДЕ)

– Наполи испрати нова понуда од 40 милиони евра за Николо Барела, но проблемот е што Каљари не попушта и сака 50 милиони евра.

– Официјално: Мартин О’Нил е нов тренер на Нотингем Форест.

– Денес и „Скај Спорт“ пишува дека Кико Касиља од Реал Мадрид е многу блиску до трансфер во Лидс.

– Веста која вчера се појави во италијанските медиуми, денес ја потврдува и „Газета дело Спорт“ – Милан се распрашувал за Криштоф Пиатек. (ОВДЕ)

– Три клуба во трка за потписот на Фелаини! (ОВДЕ)

Иван Кордоба, легендарниот дефанзивец на Интер пристигнуван а преговори во Милано, но како застапник на Кристијан Запата. „Росонерите“ му нудат нов договор – актуелниот му истекува на лето.

– Се е јасно со заминувањето на Кико Касиља! „Марка“ пишува дека Реал побарал од Леганес да им биде вратен Андреј Лунин.

– Повторно вести за Фелипе Кутињо! Во Манчестер би пречекале со раширени раце. „Мундо Депортиво“ пишува дека „ѓаволите“ ги направиле првите контакти (ОВДЕ)

– Португалски „О’Жого“ пишува дека Стефан Ристовски е на мета на Лацио! (ОВДЕ)!

– По повод гласините дека Стуани е еден од кандидатите да го засили нападот на Барселона се огласи тренерот на Џирона, Еузебио.

„Не верувам дека овие информации се пуштени со намера да се дестабилизира атмосферата во нашиот тим. Ние сме спремни на се и ништо не може да не изненади, ниту да влијае на нас. Логично е за некои играчи да постои интерес од други клубови, ние остануваме смирени“

– Уште една шпекулација поврзана за Алваро Мората – Баерн Минхен размислува да го позајми до крајот на сезоната.

– Тимот на Џенова се поврзива со ангажман на Марио Балотели. Балотели би можел да биде замената за Криштоф Пиатек. (ОВДЕ)

– ОФИЦИЈАЛНО: Рајан Бабел се врати во Премиер лигата! Овој ветеран ќе го носи дресот на Фулам.

Џенаро Гатузо пред утрешниот натпревар од Суперкупот против Јувентус изјави дека Гонзало Игуаин не кажал дека сака да замине и дека ја чека неговата одлука.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан го најде наследникот на Жиру

„Росонерите“ веќе почнаа да работат на засилувањата за следната сезона и позната е најголе…