Дома Трансфер зона Иднината на Кутињо неизвесна – во Манчестер го чекаат со раширени раце

Иднината на Кутињо неизвесна – во Манчестер го чекаат со раширени раце

Иднината на Филипе Кутињо во Барселона е неизвесна, откако оваа сезона го загуби местото во првиот тим и се почесто ја грее клупата.

Најскапото засилување на Барселона не е задоволен од својот статус на „Камп Ноу“, па се почести се шпекулациите за негово враќање во Премиер лигата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за бившиот фудбалер на Ливерпул, а „Мундо Депортиво“ пренесува дека „црвените ѓаволи“ веќе ги направиле првите контакти со Бразилецот.

Шпанските медиуми пишуваат дека семејството на Кутињо ќе го има последниот збор, а тие во моментов се среќни во Шпанија, па мала е веројатноста Бразилецот да се врати во Англија.

Доколку се реализира трансферот јасно е дека тоа ќе биде голем удар за сите симпатизери на Ливерпул, со оглед на тоа дека Кутињо остави голема трага на „Енфилд“ и нема сомнеж дека тешко би го поднеле неговото преминување во редовите на лутиот ривал од Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…