Дома Трансфер зона Преговорите во напредна фаза: Пијатек пред трансфер во Милан

Преговорите во напредна фаза: Пијатек пред трансфер во Милан

Италијанските медиуми пренесуваат дека преговорите помеѓу Милан и Џенова за трансфер на голгетерот Криштоф Пијатек се во наредна фаза.

Милан е во потрага по заменик на Игуаин кој е блиску до трансфер во Челзи, па го одреди Пијатек како трансфер цел број еден.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Спортмедиасет“ пренесува дека Пијатек веќе има комплетен договор со „росонерите“, а и Џенова кажала ДА на трансфер тежок 40 милиони евра.

Спортскиот директор Леонардо е во Милано и не отпатува со тимот во Џеда со цел да го финализира трансферот на полската „гол машина“.

Останува уште да се дефинира формулата на трансферот. Пијатек треба да пристигне на „Сан Сиро“ на позајмица со задолжителен откуп, а цената на целиот трансфер ќе изнесува 40 милиони евра.

Откако ќе биде дефиниран трансферот на Пијатек, Милан ќе даде зелено светло за преселбата на Игуаин во Челзи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Крај на една ера: Марко Ројс заминува од Борусија Дортмунд!

Легендата на Борусија Дортмунд, Марко Ројс ќе си замине по завршувањето на актуелната сезо…