Дома Топ вести ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО – 11ти јанаури: Фабрегас потпиша!

ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО – 11ти јанаури: Фабрегас потпиша!

Со Спортски следете ги сите случувања на трансфер пазарот ширум светот – БИДЕТЕ ВО ТЕК СО СЕ ШТО СЕ СЛУЧУВА!

– Тука можете да се потсетите што вчера се случуваше на трансфер пазарот.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


– ПОТВРДЕНО: Рафиња ќе го напушти Баерн и ќе го носи дресот на бразилски Фламенго (ОВДЕ)

Тиери Анри во Монако доведе засилување од 9.9 милиони евра. Нов играч на Монако ќе бидеФоде Бало-Туре (ОВДЕ)

– БОМБА ОД ЏАНЛУКА ДИ МАРЦИО: Јувентус тргнува по Иско! (ОВДЕ)

– „Дејли Мејл“ пишуваше дека Барселона е спремна да понуди 55 милони евра и Малком за услугите од Вилијан од Челзи. Сепак „сините“ наводно не се заинтересирани да преговараат. (ОВДЕ)

– ПСЖ повторно се поврзува со Алан од Наполи! Пред неколку дена се појави вест дека „светците“ се спремни да понудат 50 милиони евра за овој играч за врска, но сега низ медиумите се пишува за понуда од 80 милиони евра. (ОВДЕ)

– Откако Валенсија потврди дека Мичу Батчуаи се враќа во Челзи интерес за неговите услуги покажале Евертон, Фулам и Кристал Палас.

– Менаџерот на Бурнемоут, Еди Хаув излезе со изјава дека Вилсон не е на продажба. Ова веројатно значи дека Челзи со сите сили ќе тргне по Гонзало Игуаин.

– Маноло Гамбјадини денес ги менува лекарските прегледи во Сампдорија, по што се очекува да стави потпис на нов договор.

– ГОТОВО: Борусија Дортмунд за 16 милиони евра го обезбеди потписот на 19 годишниот стопер на Бока Јуниорс, Леонардо Белерди.

Арон Рамзи веќе е договорен со Јувентус каде што ќе пристигне наредното лето како слободен играч. На Островот се појави вест дека Арсенал и предложил на „старата дама“ да го ангажира уште сега за сума од 20 милиони евра, но Италијанците одбил таков вид на договор.

– Јапонскиот напаѓач Шинџи Оказаки би можел да ги напушти редовите на Лестер и да се пресели во Хадерсфилд.

– Маурицио Сари искажал воодушевување од квалитетот Роберто Переира од Вотфорд, но не добил поддршка од раковдството на Челзи. Поради тоа тешко дека ќе го добие Аргентинецот. Барем не во овој преоден рок.

– УШТЕ ЕДНА ПОТЕНЦИЈАЛНА ДЕСТИНАЦИЈА ЗА МОРАТА: Сега го сака и – Барселона! (ОВДЕ)

– ОФИЦИЈАЛНО: Габигол е нов играч на Фламенго!

Маурицио Сари го обвини Баерн Минхен за недостаток на почит во случајот на Хадсон Одои! Ќе потсетиме Баерн веќе подолго време се обидува да го ангажира талентираниот фудбалер на Челзи.

– OФИЦИЈАЛНО: Гамбјадини е нов фудбалер на Сампдорија.

Унаи Емери потврди дека Арсенал во овој преоден рок би можел да се засилува само со позајмени фудбалери.

– ОФИЦИЈАЛНО: Сеск Фабрегас е нов фудбалер на Монако! (OВДЕ)

Aлександар Хлеб на 38 години потпиша нов договор со БАТЕ кој ќе има важност уште една сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Баерн спрема нова понуда за Араухо

Баерн Минхен не се откажува од дефанзивецот на Барселона, Роланд Араухо, пренесуваат герма…