Дома Топ вести ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО – 10ти јануари: Батчуаи се врати во Челзи, Баерн Минхен го „краде“ Рабио!

ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО – 10ти јануари: Батчуаи се врати во Челзи, Баерн Минхен го „краде“ Рабио!

Со Спортски и денес следете ги сите случувања на трансфер пазарот ширум светот – БИДЕТЕ ВО ТЕК СО СЕ ШТО СЕ СЛУЧУВА.

– Тука можете да се потсетите што вчера се случуваше на трансфер пазарот.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


– Денот започна со потврдата за Арон Рамзи. Рамзи во Јувентус ќе заработува осум милиони евра со што ќе стане трет најплатен играч во Серија А. Велшанецот во недела се очекува да пристигне на прегледи, а ќе започне да настапува од лето. (ОВДЕ)

– ПРЕСВРТ НА ПОВИДОК: Мајката на Рабио преговарала со други четири клуба откако фудблерот се договорил со Барса – Каталонците може да се откажат од трансферот (ОВДЕ)

– За Алваро Мората се појави нова опција. Атлетико Мадрид влегува во трката за Шпанецот! (ОВДЕ)

– Според информациите на Островот, Јирген Клоп го стопирал потенцијалното заминување на Рафаел Камачо. (ОВДЕ)

– Легендарниот Шунсуке Накамура кој веќе има 40 години потпиша нов договор со јапонскиот прволигаш Ивато (ОВДЕ)

Маноло Гамбјадини се враќа во Сампдорија. Сампдорија го враќа од Џенова на позајмица од три милиони евра до крајот на сезоната кога ќе го откупи неговиот договор за девет милиони евра.

– БОМБА: „Мундо Депортиво“ одново пишува за можниот трансфер на Франк Де Јонг во Барселона. Наводно Ајакс и Барселона се договориле за трансфер во износ од 75 милиони евра кој ќе биде реализиран на лето! (ОВДЕ)

– „Скај Спорт“ пишува дека Јувентус ќе ја прекина позајмицата на Стефано Стураро во Спортинг Лисабон и ќе го продаде на Џенова за осум милиони евра.

– Еден од најсилните поддржувачи на Иско во Реал Мадрид беше Флорентино Перез, но шпанските медиуми тврдат дека и првиот човек на „кралевите“ се откажал од Шпанецот и ќе дозволи да биде продаден.

– БОМБА: После веста дека трансферот на Рабио во Барселона може да пропадне во трката се вклучува Баерн Минхен! (OВДЕ)

СТОЛЕ ДИМИТРИЕВСКИ СЕ ПОВРЗУВА СО ШПАНСКИТЕ ГИГАНТИ! (ОВДЕ)

– Белгискиот новинар Кристоф Тере тврди дека Борусија Дортмунд е спремна да плати 41 милион евра за услугите на Торган Азар.

– Италијанските медиуми пренесуваат дека Наполи му понудил нов договор на Калид Кулибали со што би го направил најплатен играч во тимот со шест милиони евра по сезона. Договорот би имал важност до 2023 година.

– ПОТВРДЕНО: Новинарот Кристијан Фалк кој е близок до Баерн Минхен потврди дека германскиот клуб го контактирал Рабио!

– Дел од медиумите во Франција пренесуваат дека Тиери Анри е заинтересиран во Монако да го доведе Никола Калиниќ.

– На Островот тврдат дека Фулам одбил 55 милиони евра за Александар Митровиќ! Погодувате од Кина. За услугите на напаѓачот интерес покажал Гвангжу Евергранде. (ОВДЕ)

– Агентот на Игуаин пристигна во Лондон на завршни преговори со Челзи! (ОВДЕ)

– Oфицијално: Крсте Велковски го продолжи договорот со Сарајево. (ОВДЕ)

„Ла Стампа“ пишува дека Марио Манџукиќ ќе го продолжи договорот со Јувентус после натпреварот против Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите. (ОВДЕ)

– Официјално: Прекината е позајмицата на Батчуаи во Валенсија, Белгиецот се враќа во Челзи. (ОВДЕ)

– Eмери даде зелено светло! Арсенал тргнува по Јаник Караско (ОВДЕ) 

– Бидете со нас следуваат уште информации!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Баерн спрема нова понуда за Араухо

Баерн Минхен не се откажува од дефанзивецот на Барселона, Роланд Араухо, пренесуваат герма…