Дома Топ вести ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Стигна потврда за Бонучи, Челзи има нов голман, Мурињо сака стопер, Перез како во 2014 година…

ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Стигна потврда за Бонучи, Челзи има нов голман, Мурињо сака стопер, Перез како во 2014 година…

transferi

Како и секој ден се до затварањето на трансфер пазарот, редакцијата на Спортски.мк ќе ве известува за сите трансфери и трансфер гласини и се што е поврзано со трансфер пазарот во Европа.

– ТУКА можете да се потсетите што вчера се случуваше на трансфер пазарот ширум Европа.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


– ПОТВРДЕНО: Спортскиот директор на Јувентус, Бепе Марота потврди дека Леонардо Бонучи сака да се врати во Јувентус, како и дека во тек се преговорите со Милан. (ОВДЕ)

– Официјално: Шурле нов играч на Фулам (ОВДЕ)

– Официјално: Челзи го доведе 38 годишниот ветеран помеѓу голмани, Роб Грин. (ОВДЕ)

– „Марка“ тврди дека Матео Ковачиќ имал разговор со новиот тренер на Реал Мадрид, Јулијен Лопатеги после кој донел конечна одлука  да го напушти Реал Мадрид (ОВДЕ)

– Официјално: Голманот кој се прослави со голот против Милан, Алберто Брињоли од денес е нов голман на Палермо (ОВДЕ)

Жозе Мурињо е спремен да понуди сума од 73 милиони евра за стоперот на Лестер Хари Мегвајер. Доколку навистина ваквиот трансфер би бил реализиран, Мегвајер би станал вториот најскап стопер на сите времиња (ОВДЕ)

Милан Бадељ кој ја напушти Фиорентина како слободен играч би можел да пристигне во тимот на Спортинг Лисабон (ОВДЕ)

– „Кадена Коп“ пренесува дека екипата на Валенсија покажала интерес за белгискиот напаѓач, Мичу Батшуаи.

– Повратникот во Премиер лигата, Вулверхемптон има големи амбиции во новата сезона, па после Жоа Мутињо е спремен да тргне по стоперот на Барселона, Јери Мина, пренесува „Скај Спорт“.

– Ветеранот Давид Силва, најави заминување од Манчестер Сити. (ОВДЕ)

– Потврдено: Вчера претседателот на Монако, а утрово ЦСКА Москва го потврди трансферот на Александар Головин во редовите на Монако (ОВДЕ) 

– Официјално: Фабијан Шар е нов фудбалер на Њукасл.

– Кристал Палас испратил понуда од 10 милиони евра за фудбалерот на Рома, Максим Гоналон.

– „Радио Континетал“ ексклизивно пренесува дека Флорентино Перез стапил во контакт со Колубимецот кој одигра одличен Мундијал, Хуан Квинтеро. Ќе потсетиме, Реал Мадрид во 2014 година после Мундијалот во Бразил го ангажираше Хамес Родригез.

– Хатем Бен Арфа би можел да се врати во Премиер лигата. Наводно, тимот на Вест Хем размислува за негов ангажман.

– „Кориере дело Спорт“ пишува дека Интер добил потврден одговор од Минхен и веќе може да испрати официјална понуда за Артуро Видал. (ОВДЕ)

– Според некои информации, тимот на Ливерпул постигнал согласност до стоперот Домагој Вида за договор на две години, но се уште изостанува договорот помеѓу клубовите. (ОВДЕ)

– НАЈНОВА ВЕСТ за случајот „Бонучи“: Наводно, од Милан му порачале на Јјувентус дека без да го добијат Калдара, нема да го пуштат Бонучи во Торино (ОВДЕ)

– Фудбалерот кој минатото лето пристигна како голема ѕвезда во Барселона, Осман Дембеле изрази желба да го напушти клубот. (ОВДЕ)

– Жозе Мурињо потврди дека Матео Дармијан ќе го напушти Манчестер Јунајтед (ОВДЕ)

Џанлука Ди Марцио пренесува дека тимот на Интер е блиску до ангажман на Врасаљко. (OВДЕ)

Анхел Кореа е пред трансфер во редовите на римски Лацио. Пред трансфер во Рим е и Милан Бадељ, но за него големи напори да го доведе во своите редови покажува и тимот на Спортинг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед со богата понуда за Рабио

Манчестер Јунајтед спрема  понуда за ѕвездата на Јувентус и француската репрезентациј…