Дома Трансфер зона Давид Силва најави заминување од Манчестер Сити, знае каде сигурно нема да игра

Давид Силва најави заминување од Манчестер Сити, знае каде сигурно нема да игра

Скоро 10 години поминаа откако арапскиот шеик Калдун Калифа ал Мубарак го превзема Манчестер Сити и од тогаш започна нова ера во овој клуб.

Поради куповната моќ и честите промени на тренерите во Сити често доаѓаше до промена и на самите играчи. Еден од оние кои остана најмногу, цели осум години е – Давид Силва.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Пристигна во летото 2010 година од Валенсија за сума од 29 милоони евра, а осум години подоцна гледајќи наназад можеме да заклучиме дека заедно со Кун Агуеро ова е далеку најголемиот погодок во клупската историја.

Сега Давид Силва најави замиување после истекот на неговиот договор.

„Кога ќе истече мојот договор со Манчестер Сити ќе имам 34 години и ќе биде време да свртам нов лист, да се посветам на некој друг предизвик. Не знам каде ќе играм, но знам дека сигурно нема да го носам на друг клуб од Англија. Поминав осум прекрасни години во овој клуб и можам да кажам дека игравме навистина атрактивен фудбал“, изјави Силва.

Актуелниот договор на Силва кој според оваа негова изјава нема да биде продолжен истекува во јуни 2020 госина.
Силва во дресот на Сити одигра 346 натпревари и постигна 61 погодок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Позната главната трансфер цел на Јувентус

Италијанскиот гигант Јувентус покажува силен интерес за Мејсон Гринвуд кој оваа сезон…