Матео Дармијан може да го напушти Манчестер Јунајтед во летниот преоден рок, потврди менаџерот Жозе Мурињо.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Италијанецот пристигна на „Олд Трафорд“ во 2015 година, а сега за него интерес покажуваат неколку клубови од Серија А.
„Матео изрази желба да си замине доколку пристигне адекватна понуда. Ние ќе му ја исполниме желбата и сметам дека тоа е правилно решение. Меѓутоа, не сме спремни да се разделиме по секоја цена. До сега добивме неколку пониди, но не беа доволно добри“, изјави Мурињо.
Самиот Дармијан после натпреварот со Милан откри дека постојат преговори со Интер, но се уште не е ништо дефинирано.