Дома Топ вести ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Се чека одлука на Дибала, Мегваер конечно станува „ѓавол“, Нејмар има пет опции!

ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Се чека одлука на Дибала, Мегваер конечно станува „ѓавол“, Нејмар има пет опции!

Нашата редакција секој ден навремено ќе ве информира за се што се случува на трансфер пазарот – сите трансфер информации на едно место!

-Главна тема денес на трансфер пазарот денес е големата трампа помеѓу Јунајтед и Јувентус, односно Дибала и Лукаку. Аргентинецот пристигна во Торино и се чека негова одлука (ОВДЕ).


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


-Интер е спремен да го возврати ударот и испрати понуда до Дибала со која ќе сака да ја „минира“ трампата помеѓу Јунајтед и Јувентус (ОВДЕ).

-БОМБА: Манчестер Јунајтед испрати нова, рекордна понуда од 80 милиони фунти за Хари Мегваер. Медиумите тврдат дека трансферот е пред реализација.

-Арсенал не застанува со засилувањата. „Топџиите“ се на чекор од ново големо засилување (ОВДЕ).

-Баерн Минхен е во напредни преговори со Манчестер Сити за трансфер на Лерој Сане.

-Бразилскиот дефанзивец Лео Дуарте ги мина лекарските прегледи и денес ќе стави потпис на 5-годишен договор со Милан.

-Интер и Фиорентина постигнаа договор за едногодишна позајмица на Наинголан. „Виолетовите“ ќе плаќаат 2,5 милиони евра, а останатите 2 милиони евра од платата ќе ги плаќа Интер.

-Интер го контактирал Едисон Кавани, но Уругваецот љубезно ја одбил понудата на „нероаѕурите“.

Нејмар доби рок од 10 дена да донесе конечна одлука за својата иднина. Бразилецот на маса има пет опции (ОВДЕ).

-Реал Мадрид го засили интересот за ѕвездата на Ајакс, Дони ван де Бек. „Кралевите“ започнаа преговори со Ајакс и го сакаат играчот независно од доаѓањето на Погба.

-Лил донесе замена за Николас Пепе и за 15 милиони евра го купи Виктор Осимен од белгиски Шарлерој.

-Милан го обнови интересот за плејмејкерот на Сампдорија, Денис Прет, кој е најголема желба на тренерот Џанпаоло. Цената на играчот изнесува 25 милиони евра.

-Откако пропадна трансферот на Пепе, Наполи се насочува кон ѕвездата на Кристал Палас, Вилфред Заха и е спремен да понуди 66 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…