Дома Трансфер зона Дибала пристигна во Торино, следува клучен состанок, од него зависи СЕ!

Дибала пристигна во Торино, следува клучен состанок, од него зависи СЕ!

Пауло Дибала денес пристигна во Торино и попладнево треба да започне со тренинзи со остатокот од тимот.

Дибала доби подолга пауза поради настапот на Копа Америка, но моментално се наоѓа во центарот на трансфер зделка и најверојатно ќе го напушти Јувентус ова лето.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Старата дама“ веќе договори трампа со Манчестер Јунајтед според која ќе го добие Лукаку и 15 милиони евра, но во моментов СЕ зависи од Дибала.

Аргентинецот денес ќе има состанок со тренерот Сари и директорите, на кој ќе му биде соопштено дека за него нема повеќе место во тимот и ќе биде најдобро да си замине.

Дибала не преферира преселба во Манчестер Јунајтед, иако неговиот агент во моментов е во Лондон и преговара со „црвените ѓаволи“. Наводно Аргентинецот бара премногу висока плата за да се пресели на „Олд Трафорд“.

Од друга страна „Кориере дело Спорт“ тврди дека Дибала има понуда и од Интер, па сега се ќе зависи од неговата одлука.

Доколку Дибала се согласи да се пресели на „Олд Трафорд“, големата трампа треба да биде комплетирата во следните неколку дена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

На Меси во Интер Мајами му се придружува уште едно големо име?

Како што пренесува „ЕСПН“ Анхел Ди Марија би можел да биде нов соиграч на Лионел Меси во М…