Дома Топ вести ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Роналдо чека знак да слета во Торино, Реал бара замена, Нејмар го сака Суарез во ПСЖ

ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Роналдо чека знак да слета во Торино, Реал бара замена, Нејмар го сака Суарез во ПСЖ

Како и секој ден се до затварањето на трансфер пазарот, редакцијата на Спортски.мк ќе ве известува за сите трансфери и трансфер гласини и се што е поврзано со трансфер пазарот во Европа.

– Трансферот на Кристиано Роналдо и денес е главма тема ширум Европа. Португалецот е се поблиску до Јувентус, кој пак со видео на социјалните мрежи ја најави новата „седумка“ (ОВДЕ).


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


– Претседателот на Реал Мадрид веќе ја започна потргата по замена за Роналдо. Најновите информации од Шпанија велат дека Перез ги сака во „пакет“ Еден Азар и Роберт Левандовски.

– Вест Хем после Џек Вилшер договори уште едно големо засилување, а тоа е напаѓачот на Борусија Дортмунд, Јармоленко. Украинецот денес пристигна на прегледи во Лондон, а трансферот ќе изнесува 17.5 милиони фунти.

– Нејмар веќе ја пронашол замената за Кавани и на раководството на ПСЖ му порачал да го купат напаѓачот на Барселона, Луис Суарез (ОВДЕ).

-Интер ќе плати 15 милиони евра за 16-годишен фудбалер. Имено, се е договорено со Џенова за трансфер на тинејџерот Салседо.

-Роналдо моментално се наоѓа на одмор во Грција и само чека знак за да слета во Торино. Трансферот е пред реализација, сите детали се договорени, а Јувентус му дал рок од седум дека на Реал Мадрид за да го ја објави веста (ОВДЕ).

-Бразилецот Вилијан ова лето најверојатно ќе го напушти Челзи и ќе биде на слатки маки бидејќи за него силен интерес покажуваат Барселона и Манчестер Јунајтед (ОВДЕ).

-Лука Модриќ го даде своето мислење за трансферот на Роналдо и смета дека Португалецот ќе остане во Реал Мадрид.

-Португалскиот интернационалец, Нани го раскина договорот со Валенсија и кариерата ќе ја продолжи во Спортинг Лисабон.

-Тотенхем се приклучи во траката за потписот на Стивен Нзонзи, но францускиот репрезентативец сепак е поблиску до преселба во Арсенал.

-Наполи е силно заинтересиран за ѕвездата на ПСЖ, Анхел ди Марија. Аргентинецот е спремен повторно да соработува со Анчелоти и наводно кажал ДА на понудата на Наполитанците. Сега останува двата клуба да се договорат околу отштетата.

-Пол Погба е спремен да го напушти Манчестер Јунајтед ова лето, а негов приоритет ќе биде Барселона.

-Лацио за слободата на Сергеј Милинковиќ-Савиќ бара 155 милиони евра, а Реал Мадрид наводно е спремен да ја плати оваа сума.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Промашувањето од 40 милиони евра на Јунајтед се враќа на „Олд Трафорд“

Дони ван де Бик во Манчестер Јунајтед пристигна за 40 милиони евра, но не успеа да ги опра…