Дома Фудбал Италија Јувентус најавува или си поигрува со нервите на навивачите: Дали „седмицата“ добива нов сопственик?! (ВИДЕО)

Јувентус најавува или си поигрува со нервите на навивачите: Дали „седмицата“ добива нов сопственик?! (ВИДЕО)

Најнови информации врзани за преминувањето на Кристијано Роналдо во Торино.

И птиците на гранките знаат дека Кристијано Роналдо од час во час е се поблиску до дресот на Јувентус.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Португалецот како што се наведува се договорил во „Бјанконерите“, ќе заработува 30 милиони евра годишно во Торино, останува конечната одлука да ја донесе Флорентино Перез.

Како што се наведува, има откупна клаузула за италијанските клубови од 100 милиони евра, но според последните информации таа истече и сега првиот човек на кралскиот клуб бара 30 милиони повеќе за услугите на својот најдобар играч.

Се појавија информации во Шпанија дека Реал го забраниле штампањето на новите дресови со името на португалската ѕвезда.

Сега пак, се појавија нови информации.

Имено, на кинеската социјална мрежа „Weibo“, на официјалната страна на Јувентус, осамна повеќе од интересен видео клип.

На нему се сите играчи кои во изминатите години го носеле дресот со бројот седум. На крајот е Квадрадо, а потоа пауза за место за ново име.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Сандро Тонали доби нова суспензија

Италијанскиот репрезентативец Сандро Тонали доби дополнителна суспензија од два месеци сег…