Дома Топ вести Нејмар го кажа своето: Едисон ЗАМИНУВА, пристигнува еден од дуото кое остана во Барса?!

Нејмар го кажа своето: Едисон ЗАМИНУВА, пристигнува еден од дуото кое остана во Барса?!

Општо е познато дека Нејмар не е во најдобри односи со Едисон Кавани.

Соиграчите во ПСЖ имаа многу недоразбирања, во Франција е познат случајот „Пенал“, но во соблекувалната тоа не делува баш најдобро.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Двајцата играчи се во спротивни „кланови“, Нејмар ги предводи Бразилците, додека Кавани е во групата на останати играчи од Јужна Америка.

Поради тоа, каталонски Спорт, пишува дека Бразилецот и предложил на управата на ПСЖ да го продаде Кавани и на негово место да го донесе Луис Суарез.

Како што се наведува, Парижаните немаат ништо против да го продадат Уругваецот, а можна дестинација е враќање во Наполи.

„Светците“ ќе се обидат да го донесат Суарез, а кој заедно со Меси и Нејмар го сочинуваа Трио фантастико, не само на теренот, туку и надвор од него како добри пријатели.

Во повеќе наврати се најавуваше дека шпанскиот шампион би можел да го продаде својот напаѓач, но со оглед на тоа дека Антоан Гризман остана во Атлетико, сега шансите се помали.

Сепак каде има чад…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Големи пофалби за Дончиќ: Ќе биде помеѓу најдобрите тројца кошаркари во историјата

Првиот човек на Далас, Марк Кјубан е убеден дека Лука Дончиќ е најдобриот кошаркар кој игр…