Дома Топ вести ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Мегваер го сруши светскиот рекорд, Реал ја купи ѕвездата на Ајакс

ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Мегваер го сруши светскиот рекорд, Реал ја купи ѕвездата на Ајакс

Нашата редакција секој ден навремено ќе ве информира за се што се случува на трансфер пазарот – сите трансфер информации на едно место!

-Трампата помеѓу Дибала и Лукаку и денес е главна тема на трансфер пазарот. Постигнат е договор помеѓу трите страни, се чека уште Дибала да се договори со Манчестер Јунајтед.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


-Италијанските медиуми пренесуваат дека Кристиано Роналдо го советува Дибала да ја прифати понудата на Јунајтед и да се пресели на „Олд Трафорд“ (ОВДЕ).

Бојан Кркиќ е блиску до преселба во МЛС лигата каде ќе го облече дресот на Монтреал Импакт.

Марио Маџукиќ кариерата може да ја продолжи во Премиер лигата. Манчестер Јунајтед е заинтересиран за неговите услуги.

-ГОТОВО: Дани Алвеш има нов клуб. Бразилецот се врати во татковината и потпиша со Сао Паоло (ОВДЕ).

-БОМБА: „Екип“ тврди дека можно е неочекувано сценариот околу иднината на Нејмар (ОВДЕ).

Фернандо Љоренте би можел да се врати во Серија А. Напаѓачот е слободен агент, а интерес за него покажуваат Фиорентина и Лацио.

Анхел Кореја ги одбива сите понуди и сака кариерата да ја продолжи во Милан. „Росонерите“ се уште преговараат со Атлетико, разликата е 5 милиони евра.

-Манчестер Сити го шокира Баерн Минхен. „Граѓаните“ ја зголемија цената за Лерој Сане и сега за неговата слобода бараат 150 милиони евра.

-Готово: Френк Рибери ги помина лекарските прегледи и денес ќе потпише за новиот клуб од Саудиска Арабија, потврди „Билд“.

Моис Кин денес би требало да допатува на лекарски прегледи во Англија. Евертон за неговиот потпис ќе му плати на Јувентус 34 милиони евра.

-Падна светскиот рекорд: Хари Мегваер стана најскап дефанзивец во светот, откако Манчестер Јунајтед и Лестер го договорија трансферот тежок 85 милиони фунти. (ОВДЕ).

-ПОТВДЕНО: Дони ван де Бек е на чекор од Реал Мадрид. „Кралевите“ за потписот на Холанѓанецот ќе платат 60 милиони евра (ОВДЕ).

-Официјално: Малком го комплетираше трансферот во Зенит.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул се засилува со португалски дефанзивец

Ливерпул е сериозно заинтересиран да го доведе дефанзивецот на Спортинг Лисабон, Гонзало И…