Дома Топ вести Роналдо го советува Дибала да се пресели на „Олд Трафорд“

Роналдо го советува Дибала да се пресели на „Олд Трафорд“

Медиумите на Апенините пишуваат дека Пауло Дибала има рок до понеделник да реши каде ќе ја продолжи кариерата.

Јувентус сака да го испрати во Манчестер Јунајтед во замена за Ромелу Лукаку, но Аргентинецот не сака да се замине од Јувентус.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Дејли Мејл“ пишува дека Кристиано Роналдо му дал совет на Дибала да се пресели во Манчестер, па останува да видиме дали тој ќе го послуша неговиот совет.

„Старата дама“ сака да се ослободи од Дибала, зашто не се вклопува во системот на новиот тренер Маурицио Сари, кој сака силен централен напаѓач.

За Дибала постои интерес и од неколку други европски клубови, но засега нема конкретни понуди до Јувентус за негов трансфер.

Неговиот агент веќе неколку дена е во Лондон, каде преговара со претставниците на Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…