Дома Топ вести ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Реал не се откажува од Азар, Дрекслер се сели во Примера, Баерн спрема „бомба“

ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Реал не се откажува од Азар, Дрекслер се сели во Примера, Баерн спрема „бомба“

Трансфер пазарот во поголемиот дел од Европа е се уште отворен, па нашата редакција благовремено ќе ве известува за се што се случува на трансфер пазарот.

– Пеп Гвардиола е во потрага на голман после повредата на Клаудио Браво. Прва желба е голманот на Реал Мадрид Кејлор Навас (ОВДЕ).


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


– Веста на денот секако доаѓа од Шпанија. „Дон Балон“ пренесува дека Реал спрема нова, последна понуда за Еден Азар.

– Шпанските медиуми пренесуваат дека Севиља работи на трансферот на Јулијан Дрекслер. Германецот може да пристигне на едногодишна позајмица (ОВДЕ).

Бобан Бабунски останува во Јапонија, но ќе игра во втората лига. Македонецот потпиша договор со Омија (ОВДЕ).

– Шпанските медиуми пренесуваат дека Раданел Фалкао му бил понуден на Реал Мадрид, но Флорентино Перез кажал НЕ (ОВДЕ).

– Македонскиот талент Дарко Тодоровски потпиша за Балзан од Малта (ОВДЕ).

– Левиот бек на Атлетико Мадрид, Филипе Луис е пред трансфер во ПСЖ, пренесуваат шпанските медиуми.

БОМБА: Шпанските медиуми пренесуваат дека ПСЖ има проблем во откупувањето на договорот на Килијан Мбапе. „Светците“ до 27. август мора да му платат на Монако 180 милиони евра. Реал Мадрид внимателно ја следи ситуацијата и е спремен да „профитира“ од целата ситуација.

– Баерн Минхен спремна „бомба“ во финишот на преодниот рок. Баварците се силно заинтересирани за Пауло Дибала и спремаат понуда од 120 милиони евра за ѕвездата на Јувентус.

– Потврдено: Тиери Анри наскоро го презема кормилото на францускиот прволигаш Бордо (ОВДЕ).

Иван Ракитиќ и Серхио Бускетс ја одбија понудата од Пари Сент Жермен и двајцата наскоро ќе потпишат нови договор со Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Промашувањето од 40 милиони евра на Јунајтед се враќа на „Олд Трафорд“

Дони ван де Бик во Манчестер Јунајтед пристигна за 40 милиони евра, но не успеа да ги опра…