Македонскиот интернационалец Давид Бабунски останува во Јапонија и кариерата ќе ја продолжи во Омија Ардија.
Брзо по разделбата со Јокохама, Бабунски најде нов ангажман, но сега ќе настапува во втората лига на Јапонија, за тимот на Омија.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Големо благодарам до раководството на клубот што ми овозможи да останам во Јапонија. Ветувам дека ќе дадам сè од себе за подобри резултати на тимот и пласман во Џеј-лигата“, изјави Бабунски.
Давид Бабунски, кој потекнува од фудбалската школа на Барселона, претходно две сезони мина во Јокохама каде пристигна од редовите на белградска Црвена Звезда.