Дома Топ вести ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Погба штрајкува, Модриќ се сели во Милано

ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Погба штрајкува, Модриќ се сели во Милано

Нашата редакција секој ден навремено ќе ве информира за се што се случува на трансфер пазарот – сите трансфер информации на едно место!

Пол Погба е главна вест на денот. Французинот не отпатува со тимот во Кардиф, а медиумите тврдат дека „штрајкува“ за да му биде дозволен трансфер (ОВДЕ).


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Реал Мадрид не се откажува од Пол Погба и покрај фактот што го договори трансферот на Дони ван де Бек.

Един Џеко не може повеќе да чека. Голгетерот му постави ултиматум на Интер (ОВДЕ).

Хари Мегваер ќе потпише 5-годишен договор со Манчестер Јунајтед и неделно ќе заработува 190.000 фунти.

Марио Манџукиќ е пред трансфер во Манчестер Јунајтед. Двата клуба се договорија и трансферот е само прашање на време. (ОВДЕ).

-БОМБА: Лука Модриќ се договори со Милан. Се чека Ван де Бек да пристигне на „Бернабеу“ за Хрватот да се пресели на „Сан Сиро“. (ОВДЕ).

Лерој Сане се договори со Баерн Минхен за плата од 18 милиони евра по сезона, но Манчестер Сити постави превисока цена (ОВДЕ).

Раџа Наинголан пристигна во Каљари да го комплетира трансферот од Интер (ОВДЕ).

-Олимпок Лион е силно заинтересиран за ѕвездата на Милан, Сусо. „Росонерите“ се спремни да го пуштат за сума од 35 милиони евра.

-Падна договор: Барселона го договори левиот бек на Бетис, Жуниор Фирпо за 25 милиони евра (ОВДЕ).

-Џенова го договори искусниот играч за врска на Ајакс, Шоне.

-Барселона сака да го продаде Кутињо ова лето и така да заштеди 25 милиони евра (ОВДЕ).

Мауро Икарди му соопштил на раководството на Интер дека нема да прифати трансфер и сака да остане на „Џузепе Меаца“.

-Реал Мадрид пронајде алтернатива ако не го реализира трансферот на Погба. Се вклучи во трката за ѕвездата на Спортинг, Бруно Фернандеш (ОВДЕ)

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Лапорта се расплака: Треба да бидеме горди на Чави🎥

Тренерот на Барселона, Чави Хернандес се предомисли и реши да остане на кормилото на клубо…