Дома Топ вести Манџукиќ на чекор од Манчестер Јунајтед!

Манџукиќ на чекор од Манчестер Јунајтед!

Напаѓачот на Јувентус, Марио Манџукиќ е многу блиску до трансфер во Манчестер Јунајтед, пренесуваат италијанските медиуми.

33-годишникот Хрват првично се очекуваше да биде искористен како дел од договорот за привлекување на Ромелу Лукаку и да пристигне на „Олд Трафорд“ во комплет со Пауло Дибала.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сепак, најновите информации се дека двата клуба подготвуваат посебен договор за репрезентативецот на Хрватска. Според „Тутоспорт“, Манчестер Јунајтед е подготвен да плати помеѓу 10 и 15 милиони евра за потписот на Манџукиќ.

Тој неодамна потпиша нов договор со Јувентус до 2021 година, но се чини дека не се вклопува во плановите на новиот тренер Мауицио Сари, кој му ја отвори излезната врата.

Во моментов, Манџукиќ заработува 5,5 милиони евра сезона, а Јунајтед е подготвен да понуди плата од 6 милиони евра сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Шок во Атлетик Билбао: Легендата заминува по две децении!

Икер Муниаин донел одлука да го напушти својот Атлетик Билбао на крајот од сезоната. Леген…