Дома Трансфер зона ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Милан има план за „бомба“ во финишот, Балотели пред враќање во Италија, прегледи во Милано

ТРАНСФЕРИ ВО ЖИВО: Милан има план за „бомба“ во финишот, Балотели пред враќање во Италија, прегледи во Милано

transferi

Влегуваме во самата завршница од преодниот рок и тука секогаш мора да е интересно! Со Спортски бидете во тек со се што се случува на трансфер пазарот ширум Европа, со исклучок на Англичаните кои преодниот рок го завршија на 9-ти август.

– ТУКА можете да се потсетите што вчера се случуваше на трансфер пазарот.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


– ВЕСТА НА ДЕНОТ доаѓа од Италија: Имено, италијанските медиуми тврдат дека Милан направил план за доведување на Сергеј Милинковиќ Савиќ. (ОВДЕ)

Кевин Принс Боатенг кој е член на Сасуоло испрати порака за среќен роден до Балотели која привлече огромно внимание. Многумина од истата заклучија дека нов клуб на „Супер Марио“ ќе биде Сасуоло. (ОВДЕ)

– На вчерашната прес-конференција после освојувањето на Суперкупот на Шпанија и победата против Севиља, претседателот на шпанскиот клуб доби прашање за потенцијалниот ангажман на Пол Погба. (ОВДЕ)

Дивок Ориги би можел да му се придружи на Елиф Елмас во Фенербахче каде што би пристигнал на позајмица (ОВДЕ)

– Реномираната „Марка“ тврди дека стоперот кој е од голема важност за Диего Симеоене во Атлетико, Годин ќе го продолжи договорот со „јорганџиите“.

– Италијанскиот играч за врска, Рикардо Монтоливо би можел да биде следен кој ќе го напушти тимот на Милан ова лето.

– Островските медиуми тврдека Барселона ќе остане во контакт со Пол Погба и ќе се обиде да го доведе, но не ова лето туку во јануарскиот преоден рок.

Бакајоко утрово пристигна на медицински прегледи во Милано.

– Во Сасуоло денес очекуваат на медициски прегледи очекуваат да пристигне фудбалерот на Милан, Локалети.

Стивен Нзози е се поблиску до трансфер во редовите на Рома, последните информации се дека фудбалерот ги договорил личните услови со клубот од Рим.

– Многу играчи се поврзуваат со напуштање на Милан, но не и Бонавентура тој ќе остане член на „росонерите“.

– Вилијан за англиските медиуми потврди дека доколку Конте останеше во клубот тој ќе ја променел средината. Интерес за неговите услуги покажаа Реал Мадрид, Барселона и Манчестер Јунајтед.

– Нов клуб се вклучува во игра за потписот на младиот напаѓач на Јувентус Моис Кин, а тоа е Удинезе.

– Милан во последните денови ќе се обиде да го доведе 23 годишниот фудбалер на Виљареал Кастаљехо.

– Освен Моис Кин италијанските медиуми и денес Илија Несторовски го поврзуваат со трансфер во Удинезе.

– Oфицијално: Фиорентина го доведе Едмилсон Фернандеш од Вест Хем на едногодишна позајмица.

– Медиумите блиски на Лацио, од Рим тврдат дека Сергеј Милинковиќ Савиќ наскоро ќе потпише нов договор (ОВДЕ)

 

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона пронајде засилување во Баерн, спремна да плати 70 милиони евра?

Поради тешката финансиска состојба, Барселона летово ќе биде принудена да продава играчи, …