Дома Топ вести Трансфери во живо: Бејл мета на Баерн, Нејмар не е среќен во Париз, Мурињо го сака „црниот Чави“…

Трансфери во живо: Бејл мета на Баерн, Нејмар не е среќен во Париз, Мурињо го сака „црниот Чави“…

transferi

И во зимскиот преоден рок нашата редакција правовремено ве известува за сите трансфери и трансфер новости: Со Спортски бидете во тек…

– Oфицијално: Ветеранот Хавиер Маскерано кој долги години го носеше дресот на Барселона денес потпиша договор со кинескиот Хебеи Фортун.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


– Како што пренесуваат англиските медиуми Ливерпул постигнал начелен договор со ѕвездата на Монако и француски репрезентативец, Томас Лемар. (ОВДЕ)

– Додека фудбалскиот свет го чека расплетот околу Пјер-Емерик Обамејанг, Венгер би можел да ја засили одбраната со фудбалерот на ВБА, Џони Еванс. (ОВДЕ)

– Според познатиот новинар Луис Фрегоси, фудбалерот на Атлетико Мадрид, Николас Гаитан кариера ќе ја продолжи во Русија во тимот на Зенит. (ОВДЕ)

– Според англиските и шпанските медиуми, Манчестер Сити ќе ја плати клазулата за дефанзивецот на Атлетик Билбао, Емерик Лапорт кој изнесува 65 милиони евра. (ОВДЕ)

– Официјално: Младиот фудбалер на Челси, Кенеди преминува во редовите на Њукасл како позајмен фудбалер.

– Борусија Дортмунд би можела да го испрати Андре Шурле на позајмица во редовите на ВБА.

– Голманот на Гетафе Висенте Гуита ги поминал медицинските прегледи и во текот на денот ќе стави потпис со Кристал Палас, пренесува „Скај Спорт“.

– Според „RMC Sport“, Монако  ја одбил понуда од Наполи во износ од 45 милиони евра за Кеита Балде

– Како што пренесува „Дејли Мирор“, Манчестер Сити ќе му понуди нов договор на Рахим Стерлиг според кој фудбалерот би добивал плата од 220.000 фунти по сезона, плус 55.000 фунти како бонуси

– Спортскиот директор на Јувентус, Џузепе Марота потврди дека клубот сака да го доведе Емре Чан, но дополни и дека ништо не е сигурно и договорено бидејќи Германецот има и понуда од Ливерпул за продолжување на договорот.

– Њукасал покажал интерес за фудбалерот на Фејенорд, Николас Јоргенсен. Според последните информации холандскиот клуб не сака да го пушти својот фудбалер за понуда пониска од 20 милиони фунти.

– После изјавата на Лукаш Моура дека не е среќен во Париз, Унаи Емери потврди дека Бразилецот може да бара нов клуб.

– Во шпанските медиуми се појави сензационална информација дека Баерн Минхен покажува силен интерес за ѕвездата на Реал Мадрид, Герет Бејл. (ОВДЕ)

– Долгогодишниот бек на Арсенал и Манчестер Сити, Бакари Сања ги понудил своите услуги на најслабиот тим во најсилните пет лиги, Беневенто. (ОВДЕ)

– Како што пренесува „Скај Спорт“ Валенсија е спремна да понуди 23 милиони фунти за услугите на Лукаш Моура од ПСЖ

– Според „Сан“, Жозе Мурињо го сака фудбалерот на Ница, Жан Мишел Сери.

– Фудбалерот на Монако,  Гуидо Карлио се очекува да го засили Саутемптон за сума од 19.1 милион фунти.

– Според Ди Марцио за да се реализира трансферот на Емерсон и Џеко во Челси се чека само согласнот од Џеко. (ОВДЕ)

– Според реномираниот „Л’Екип, Бразилецот Нејмар не е среќен во Париз. (ОВДЕ)

– Наредна станица на засилувањето на Интер од 45 милиони евра, Жоа Марио кое не се прослави на „Џузепе Меаца“ би можел да биде англиски Вест Хем. (ОВДЕ)

– Изгледа дека повеќе нема дилеми, дефанзивецот на Билбао, Емерик Лапорте ќе го засили Манчестер Сити (ОВДЕ)

– Според италијанските медиуми Наполи како замена за Фаузи Гулам го обезбедил потписот на Алекс Грималдо од Бенфика (ОВДЕ)

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Баерн Минхен ја купува ѕвездата на Лајпциг

Манчестер Јунајтед и Баерн Минхен на лето ќе водат голема битка за ѕвездата на Лајпциг и ш…