Дома Топ вести Ливерпул се договори со ѕвездата на Монако!?

Ливерпул се договори со ѕвездата на Монако!?

Како што пренесуваат англиските медиуми Ливерпул постигнал начелн договор со ѕвездата на Монако и француски репрезентативец, Томас Лемар.

Арсенал и Ливерпул и минатото лето се обидуваа да го донесат 22-годишниот офанзивен фудбалер, но Монако ги одби сите понуди.


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


И во зимскиот преоден рок Лемар беше поврзуван со трансфер во Ливерпул како замена за Кутињо, а последните информации од Островот тврдат дека „цревните“ постигнале договор со Французинот.

Се проценува дека Ливерпул ќе треба да плати околу 100 милиони евра за неговиот потпис, но таа сума може да биде и поголема доколку Лемар одигра добро на Светското првенство во Русија.

„Монако нема намера во зимскиот преоден рок да ги продава важни фудбалери. Играчите тоа го знаат и го разбираат“, изјави тренерот Жардим.

Медиумите тврдат дека следното лето Лемар сигурно ќе го напушти Монако и е спремен да ги одбие сите понуди бидејќи веќе има договор со Ливерпул.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Вегхорст влезе и ја сруши храбрата Полска 🎥

Во првиот натпревар од денешната програма на Европското првенство Холандија славеше против…