Дома Трансфер зона Деталите познати: Гулам пред заминување, Наполи за 30 милиони евра носи замена од Португалија

Деталите познати: Гулам пред заминување, Наполи за 30 милиони евра носи замена од Португалија

Зделката ќе биде реализирана на лето

Фаузи Гулам од Наполи има откупна клазула од 40 милиони евра и тоа нема да ги откаже заинтересираните клубови, па во Неапол е јасно дека ќе мораат да пронајдат негова замена и изгледа дека истата е веќе спремна.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Медиумите од Португалија и Италија пренесуваат дека Наполи е блиску до доведување на Аеландро „Алекс“ Грималдо од Бенфика. Секако, како и заминувањето на Гулам и оваа зделка ќе остане за на лето.

Деталите за трансферот се познати. Португалскиот гигант ќе добие оштета од 30 милиони евра, а од оваа сума 4.5 милиони евра ќе добие и Барселона, додека Грималдо во Неапол ќе заработува два милиони евра по сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер пронајде голман за кој ќе плати 20 милиони евра

Додека екипата на Интер убедливо стигна до титулата шампион на Италија, раководството на к…