Дома Трансфер зона Седум години за Арсенал, три за Сити, 353 натпревари во Англија, а сега се нуди на Беневенто!

Седум години за Арсенал, три за Сити, 353 натпревари во Англија, а сега се нуди на Беневенто!

Некогаш беше еден од најдобрите бекови во светот, а денес не може да пронајде клуб, па мораше самиот себе да се препорача и тоа во најлошиот тим од најсилните пет лиги…

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Бакари Сања поранешниот репрезентативец на Франција е понуден на фенерџијата Беневенто од Серија А кој наредната сезона веројатно ќе игра во Серија Б.

Откако во текот на летото му истече договорот со Манчестер Сити, Бакари Сања е без клуб. Неговиот агенти помеѓу останатите го понудиле и на „вештерките“.

Италијанскиот клуб нема ништо против Сања да им се приклучи, но прво на проба со цел да видат во каква физичка форма се наоѓа фудбалерот и дали може веднаш да и помогне на екипата во борбата за опстанок.

Последниот официјален натпревар Сања го одигра во мај 2017 против Вотфорд.

Како и да е Бакари Сања кој одигра седум сезони во Арсенал и три во Манчестер Сити, вкупно 353 натпревари во Англија и тоа како може да биде од корист.


Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…